26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогласени најуспешните 100 компании во северозападна Македонија

Прогласени најуспешните 100 компании во северозападна Македонија

kompanii makedonija zapadna

Компаниите менаџирани од Албанци во Македонија знаат да покажат успех и на полето на бизнисот и активно учествуваат во економскииот развој на државата, рече денеска министерот за економија Беким Незири во обраќањето на промоцијата на каталогот „Топ 100“ кој ги содржи најдобрите компании од северозападна Македонија за 2013 година.

„Радува фактот што прометот на најголемите 100 компании во северозападна Македонија за 2013 година е 524,5 милиони евра, со што тие учествуваат со три отсто во вкупниот промет на државата кој, пак, изнесува 17,34 милијарди евра. Притоа, бројот на вработени е 5.600, што е доказ повеќе за растот и развојот на овие компании, а со тоа и на бизнис одлуките и плановите на нивните менаџери“, посочи Незири.

Според него, Буџетот со нагласена капитална компонента која е содржана во оние 345 милиони евра капитални инвестиции кои треба да креираат ново производство, нова продуктивност, нова додадена вредност и со тоа да бидат еден од двигателите на растот на економијата во текот на следната година, проектиран на четири отсто, ќе им помогне на бизнисмените да прават подолгорочни планови за проширување на бизнисот.

Претседателот на Стопанската комора на северозапдна Македонија Мендерес Кучи, како домаќин на настанот, објасни дека изборот на најдобрите компании што се спроведува четврти пат, е врз основа на нивниот годишен обрт, нето добивката и бројот на вработени.

„Сите овие стопанственици пред мене ги сметам за наши херои, бидејќи развојот на нивните бизниси значи и развој на нашата држава. Потешкотиите со кои се соочуваме повремено во нашето деловно работење ги споделуваме со министерот за економија, кој ни овозможува партнерски однос меѓу бизнис заедницата и институциите“, истакна Кучи во своето обраќање.

„Даути комерц“, „Алма­М“, „Еуромедиа“ и „Еуроактива“ се меѓу најуспешните за 2013 година.

Посебната награда за компанија со најголем раст, која ја додели министерот Незири, и припадна на компанијата „Набизи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП