Прекрасниот хотел со потпис од луксузниот бренд „Versace“, нуди луксузно сместување, комфор, престиж, врвна услуга, приватност, максимална релаксација….
Спецификацијата за „Palazzo Versace Dubai Hotel“ е навистина импресивна. Гостите на овој хотел во понудата ќе имаат широк спектар на луксузни погодности, вклучувајќи ja лагуната, плажата, пешачката зона покрај морето, специјализиран спа центар, отворени и затворени базени, бутик Версаче и многу други…
Во хотелот се сместени 169 апартмани и 214 моќно декорирани хотелски соби, обвиени со богати материјали и свила, рачно обработен мермер, прекрасни рачно цртани мозаици, позлатени тавани, а сите овие елементи заедно го будат европскиот и италијанскиот гламур.
Во овој проект беа вклучени повеќе од 100 експерти, уметници, артхитекти, каменорезачи од целиот свет.
Екстериерот на објектот потсетува на грчко-римската уметност, со Медуза на ѕидот, елегантни ѕидови и столбови, како и тревници со фонтани, базени и лагуни.
Уживајте во прекрасните фотографии…