8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлександар Новак: Одлуката за стопирање на изградбата на „Јужен поток“ е конечна

Александар Новак: Одлуката за стопирање на изградбата на „Јужен поток“ е конечна

juzen_tek_g11

Одлуката за стопирање на изградбата на „Јужен поток“ е конечна, изјави денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак, јави ТАСС.

Одлуката беше донесена, според мене конечно и денеска веќе се занимаваме со истражување на изградбата на гасовод по друга маршрута, истакна Новак по годишната порака на претседателот Владимир Путин.

Според Новак станува збор за гасоводот во Турција согласно договорот, што го постигнаа Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Кремљ се уште не добил официјална реакција од Европската комисија во врска со откажувањето на Русија од проектот „Јужен поток“, изјави во меѓувреме советникот на Путин, Јуриј Ушаков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП