5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата АРЦЕЛОРМИТТАЛ Скопjе дел од 14-тата акција „Ден на дрвото, засадија ја...

Компанијата АРЦЕЛОРМИТТАЛ Скопjе дел од 14-тата акција „Ден на дрвото, засадија ја својата иднина“

mital drvo3

Во рамки на заложбите на компанијата АрцелорМиттал Скопје да биде компанија која постојано се грижи и придонесува за подобрувањето на условите во животната средина, се приклучи во овогодинешната есенската акција „Ден на дрвото, засади ја својата иднина”, која се одржа денес во дворот на фабриката.

Засадувањето на садници бреза беше реализирано од страна на сите вработени во компанијата меѓу кои и извршниот директот Г-дин Јуан Педро Јименез Наварро.

mital drvo2

Оваа акција ја поддржа и градоначалникот на општина Гази Баба г. Тони Трајковски.

Како и сите досегашни акции по повод „Ден на дрвото“, компанијата АрцелорМиттал Скопје во целост ја поддржува и учествува во активностите и на оваа Есенска акција што се одвива под мотото „Стоп на катастрофите.“

mital drvo1

Во тие рамки засадувањето млади садници во дворот на нашата фабрика ќе претставува придонес кон напорите Општината Гази Баба, а со тоа и градот Скопје да се развива, пред се, како одржлива здрава животна средина.

„Очекуваме дека со засадувањето и растење значајно ќе се оплемени околината околу нашата фабрика, што значи и разубавување на пејсажот, но и подобрување на воздухот и биодиверзитетот во околината“, порача Јуан Педро Јименез Наварро, извршниот директор на АрцелорМиттал Скопје.

mital drvo

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП