26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Руската економија го допира дното

ОЕЦД: Руската економија го допира дното

tass566652236652

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја влоши проценката за растот на БДП на Русија во оваа година од 0,7 на 0,3 проценти, соопшти оваа организација.

Влошена е и прогнозата за раст на економијата за 2016 година од два на 1,6 проценти, додека прогнозата за нула раст за 2015 година е потврдена, пренесува сајтот finmarket.ru.

Во мајската прогноза ОЕЦД предвиде раст на рускиот БДП во оваа година на ниво од 0,5 проценти, а во 2015 година од 1,8 проценти. Проценката беше повторно разгледана на 6. ноември.

„Економијата го допира дното, едвај избегнува рецесија. Намалената цена на нафтата и напнатоста поради конфликот во Украина ја нарушува довербата на инвеститорите и потрошувачите“, се наведува во извештајот на ОЕЦД посветен за Русија.

Силата на закрепнувањето ќе зависи од флексибилноста на економијата и нејзината способност да ја зголеми трговијата со земјите кои се погодени од санкциите.

Во ОЕЦД сметаат дека во тековната ситуација приоритет за руската економија треба да бидат структурните реформи. Во случај на понатамошно намалување на цената на нафтата или значително заострување на санкциите, експертите на ОЕЦД не ја исклучуваат можноста за рецесија во Русија.

Според нивното мислење, инфлацијата во Русија оваа година ќе се зголеми на 7,4 проценти од 6,8 проценти во 2013 година, а во 2015 година е можен раст на 7,7 проценти, за во 2016 година повторно да забави на 6,1 проценти.

Во оваа година ОЕЦД предвидува позитивно салдо во рускиот буџет од 9,4 проценти од БДП, а во наредните две години дефицит од 0,5 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП