26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ ќе даваат и десетици милиони евра за млади таленти

„Кралевите“ ќе даваат и десетици милиони евра за млади таленти

talenti real4994

Раководството на Реал Мадрид не престанува да биде активно на трансфер пазарот, а од летото приоритет за кралскиот клуб е привлекувањето на млади таленти за солидна трансферна сума, пишува весникот „Марка“ во денешното издание.

Во последните неколку недели на „Валдебебас“ веќе се појавија две ветувачки имиња на адолесценти. Тоа се холанѓанецот Минк Пеетерс (16 години) и Марко Асенсио (18 години).

Основен критериум за трансферите е квалитетот, а секое момче мора прво да ги покрие високите стандарди поставени од „Сантијаго Бернабеу“. Формулата за набавки е јасна – „Ако талентот не се појави во Шпанија, се бара во странство“.

„Кралевите“ не штедат пари за млади фудбалери и инвестираат храбро. Пример за Асенсио беа платени 3,5 милиони евра. Сумата за талентиран играч може да достигне и до десет милиони, тврдат извори на „Марка“ од клубот.

Според мадридското издание инвазијата на Реал Мадрид на тинејџерскиот пазар е строго контролирана од клупските раководители кои имаат само едно на ум од случката на Барселона. Млад играч може да биде привлечен само ако ги исполнува сите пропишани норми, па секое момче се гледа под лупа.

Норвешкото „дете-чудо“, Мартин Ојдегар е следниот залак за „белите“. Тие сепак чекаат да наполни 16 години, што ќе се случи на 17-ти декември. Педро Чиривеља (17 години), исто така предизвикува посебен интерес. Пред две години халфот ја напушти Валенсија и премина во Ливерпул.

Предвидениот развој на младите таленти е поврзано и со подлиценцирање и изнајмување во мали клубови од Примера дивизион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП