26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија има 105 милионери

Србија има 105 милионери

dolari srb

На листата најбогати луѓе во светот, Србија годинава ја претставуваат 105 лица чиј поединечен нето имот надминува 30 милиони долари, додека заедно поседуваат сума од 13 милијарди долари, објави денеска белградскиот весник „Политика“.

Во однос на 2013 година, бројот на српски ултрабогаташи забележан е мал пораст, бидејќи минатата година нивниот број беше сто, наведува „Политика“ повикувајќи се на најновиот „Извештај за глобалното ултрабогатство за 2014“.

Извештајот е подготвен од „Wealth­X“, водечка светска фирма за собирање на податоци за најбогатите со седиште во Сингапур и швајцарската банка УБС, специјализирана за управување на имотот на богатите.

На табелата на европските мегабогати луѓе во извештајот Србија е на 29 место. Бројот на ултрабогати луѓе од јуни 2013 година изнесува рекордни 211.275 лица, кои располагаат со 29.725 билиони долари односно контролираат 13 проценти од богатството во светот.

Најголем број на милијардери живеат во САД ­ 74.865, во Европа ­ 61.820, а во југозападна Азија ­ 46.635.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП