26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: Каматите за станбените кредити на најниско ниво благодарение на КККС

Ставрески: Каматите за станбените кредити на најниско ниво благодарение на КККС

stavre koce 3

Проектот „Купи куќа, купи стан“ постигна значителен ефект во делот на создавањето конкуренција и во делот на спуштањето на каматните стапки за станбените кредити, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој потенцира дека сега каматните стапки за станбените кредити се на историски најниското ниво од околу три проценти и оти тоа е добра можност за многумина граѓани еднаш засекогаш да го решат станбеното прашање.

„Банките, имајќи предвид дека каматните стапки преку проектот „Купи куќа, купи стан“ се ниски, под четири проценти, извршија намалување на каматните стапки за да можат и од сопствени средства да даваат станбени кредити. Каматната стапка за овие кредити е дојдена на историски најниско ниво. Да се добие станбен кредит со каматна стапка пониска од три проценти е добра шанса граѓаните да го решат станбеното прашање еднаш да засекогаш“, истакна Ставрески.

Тој додаде дека за него е задоволство што успеале да анимираат голем број граѓани да размислуваат за решавање на станбеното прашање и оти по саемот што беше организиран пред неполн месец, е зголемен бројот на граѓани што аплицираат за проектот „Купи куќа, купи стан“ преку кој директно ќе добијат поддршка од државата до 15 илјади евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП