26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВеличествената суперјахта Grace E (фото)

Величествената суперјахта Grace E (фото)

grgr1

Oваа година, „Perini Navi Group“ компанијата го претстави третиот член на својата „Picchiotti Vitruvius“ серија – масивната суперјахта „Grace E“ долга 73 метри…

Ентериерот на оваа јахта кој го дизајнираше Реми Тасиер е гостопримлив и елегантен. Сместувањето на оваа јахта се состои од 7 богато декорирани кабини во кои има доволно простор за 12 лица. Тука се и двете ВИП кабини кои се сместени на главната палуба, a две двојни и две двокреветни кабини се сместени на долната палуба, секоја од нив има приватна бања. Покрај тоа, на оваа суперјахта има доволно простор за 20 членови на екипажот.

Екстериерот на оваа јахта го дизајнираше Филипе Брианд. Тој се состои од пет палуби, при што едната е комплетно посветена на велнес активности и содржи, помеѓу останатото, теретана и соба за масажа со сауна.

Оваа јахта во моментов е достапна за изнајмување. Во текот на зимата можете да ја видите во водите на Карибите, додека во летната сезона се движи на Медитеранот.

grgr2

grgr3

grgr4

grgr5

grgr6

grgr7

grgr8

grgr9

grgr10

grgr11

grgr12

grgr13

grgr14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП