24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Илчо Ѓорѓиоски: Работиме напорно за идните фудбалски успеси

Интервју со Илчо Ѓорѓиоски: Работиме напорно за идните фудбалски успеси

ilco-mala

Цврсто веруваме во она што го работиме!

ФФМ реализира важни проекти во нашиот фудбал, од изградбата на инфраструктура до работа со млади категории, како и во подобрување на севкупните услови за развој на македонскиот фудбал. На овие теми разговараме со председателот на Фудбалската Федерација на Македонија г. Илчо Ѓоргиоски.

Денар: Работата на ФФМ најчесто се поистоветува и се гледа  само низ призмата на успехот  на А репрезентација, како Вие гледате на тоа.

А репрезентацијата на Македонија е еден од производите на ФФМ, но нашите активности опфаќаат многу повеќе. Таа ги вклучува сите останати репрезентации, како во младите категории, така и во футсталот и женскиот фудбал. Но покрај работата и настапите на репрезентациите, ФФМ го организира натпреварувањето и тоа како првенственото и куп натпреварувањето, така и останатите натпреварувања во млади категории, во женски фудбал и во футсал.   Натпреварувањето е важен сегмент во работењето на федерацијата. Како пилот проект оваа година со цел да се анимира фудбалот во најнискиот степен на натпреварување, ФФМ покрена проект наречен „Натпреварување на репрезентации во ОФС„ кој е во тек. Со цел да им се овозможи на клубовите кои се натпреваруваат во Прва лига , поголем ангажман на регистрираните фудбалери кои не добиваат прилика да настапат за првата екипа, а имаат потенцијал, ФФМ востанови разигрување со  Б тимови, независно од националното првенство.Обемот на активности на ФФМ е многу повеќе од организацијата на натпреварите на А репрезентацијата.

ffm-intervju

Денар: Домашното првенство е не атрактивно за публиката, а и не генерира квалитет. Што треба да се направи, за да тоа се смени?

Токму за да се промени оваа слика, и за да се создаде конкурентност на долг рок, инициравме предлог идеја за регионална фудбалска лига. Каде би влегле клубови од вкупно 13 земји, од најблиското опкружување на нашата земја. Идејата ја презентиравме пред надлежните структури во УЕФА, како можност да започне од 2018/19 година, и да биде дел од системот на УЕФА. Идејата е клубовите да одиграат многу повеќе меѓу народни натпревари и доколку испаднат од квалификациите за Европските купови, проблем со кои се соочуваат речиси сите екипи од окружувањето, да им се даде нова можност за квалитетни натпревари кои предизвикуваат интерес кај јавноста и публиката на стадионите. Низ неофицијалните разговори, претставниците на Националните асоцијации од нашиот регион многу позитивно се изјаснија по предлогот,  од причина што сите се соочуваат со истите проблеми – намален број на гледачи на стадионите, недоволен интерес за домашните првенства, мал број на меѓународни натпревари. Во натпреварувањето би биле вклучени екипи од Бугарија, Албанија, Србија, ЦрнаГора, БиХ, Хрватска, Словенија, Кипар, Грција, Турција, Унгарија, Романија и Македонија.

 

Денар: На јавноста и е позната состојбата со фудбалските игралишта во Македонија, кој е вашиот коментар во однос на ова прашање.

Без посветеност и системска работа не може да има резултати. Исто така за постигнување на резултати потребен е ангажман и подршка на сите нивоа. ФФМ очекува како и досега подршка од  државните институции, единиците на локална самоуправа за реализација на проектите кои ги добиваме од УЕФА.

Напорно работиме за промоција на македонскиот фудбал и задоволство е кога Уефа и Фифа го вреднуваат резултатот и кога со почит гледаат на она што го реализираме.

Она што мора да се направи е да ја подобриме спортската инфраструктура.

Сигурни сме дека вложувањето во инфраструктурата повторно ќе ги врати љубителите на спортот на нашите натпревари и ќе овозможи да поставуваме нови цели кои ќе не водат до успех, на фер-начин и со вистински вредности.

Сакаме да им помогнеме на сите, нашата цел е да направиме заеднички напори и вложувања, а сето она што се работи во европските фудбалски центри, мора да се направи и во Македонија. Инфраструктурата е важен фактор, ако не и најважен. Само со добра инфраструктура може да направиме куќа со вистински темели.

Во моментот ФФМ работи на некоку проекти истовремено. Два од нив се однесуваат на инфраструктурата. Со помош на УЕФА успеавме да обезбедиме средства од Хет трик програмата за 10 терени со вештачка трева. Од овој проект 7 терени се веќе пуштени во употреба и тоа во Прилеп, Гостивар, Велес, Битола, Тетово, Ѓорче Петров и Штип. На дел од овие терени останува да се завршат определени активности кои се обврска на општините, како што се трибините, службени простории, соблекувалните. Од останатите терени од овој проект, во  Охрид треба да се зарвршат активностите до крајот на оваа година, а во Струмица и Кратово очекуваме да бидат реализирани во првата половина од наредната година.

Последниот исклучително значаен проект кој го започнавме се однесува на реконструкција на стадионот во Битола и ревитализација на игралиштето во склоп на стадионот, како и поставување на рефлекторско осветлување. Овој проект за ревитализација на игралиште и поставување на рефлекторско осветлување ќе се реализира и во Прилеп, Тетово и Штип.

Со поддршка од УЕФА, ФФМ е способна да реализира важни проекти за македонскиот фудбал, од изградба на инфраструктура до едукација на тренери, фудбалски работници и навивачи. Со помошта од Владата на РМ, со поддршката од општините можеме да осигураме убава иднина за нашиот спорт, посебно на најмладите категории бидејќи фудбалот од најмали нозе е изворот на идниот македонски фудбал.

ilco-golema

Денар: Ја спомнавте инфраструктурата како важен фактор, но тука се и младите-фудбалските паралелки кој како проект функционира веќе неколку години, дали е тоа патот  до посветла фудбалска иднина?

Се што работи и поддржува ФФМ мора да се базира на основните вредности на Европската фудбалска асоцијација, а првиот и најважниот елемент е фудбалот на прво место. На тие принципи и ние ја базиравме нашата програма за развој на младинскиот фудбал. Ги претставивме нашите идеали за младинскиот фудбал, претставниците на УЕФА директно беа запознаени со нашата програма, со условите и методите на работа, а најголемо внимение посветивме на “Фудбалската академија“ и плановите за зголемување на бројот на паралелки. Со овој проект ќе бидеме поблиску до остарување на нашата цел, да ги подготвиме младите за времето кое доаѓа, а „Фудбалската академија“ да претставува школа за иднина. Преку програмата ќе го добиеме европското искуство за работа со млади категории, нашите тренери ќе добијат обука во центрите на УЕФА, низ семинари и практична програма ќе ја добијат потребната едукација, неопходна за развој на младите фудбалери. Програмата не значи дека УЕФА ни наметнува нов начин и друга филозофија на работа, ние ја имаме Националната програма за развој на младинскиот фудбал и ќе се обидеме да го оствариме зацртаното низ семинари на кои ќе учествуваат нашите тренери во странство и стручни луѓе кои ќе дојдат во Македонија да ја презентираат својата програма пред тренерите. Тактички, технички и физички ќе бидеме многу поподготвени со имплемантацијата на овој проект. Завршивме голема работа со обезбедените средства, се надевам на вистински начин ќе ги искористиме придобивките, а користа од тоа е само за развој на македонскиот фудбал.

Мораме да допреме до фудбалските центри кои произведуваат фудбалери, тука не мислиме само на големите клубови, туку на целата база. Постепено да ја менуваме свеста, да им помогнеме со едукативните методи и важноста на нивното користење. Федерацијата ги подигна критериумите на работа и квалитетот на ресурсите кои ги користиме, сега тоа мораме да го примениме на целата фудбалска база.

Во име на Фудбалската федерација на Македонија, сакам да им порачам на одговорните во општините вклучени во проектите на ФФМ дека се радуваме на заедничкото создавање подобра иднина на македонскиот фудбал. ФФМ е способна институција да ги поддржи важните проекти во нашиот фудбал, од изградбата на инфраструктура до работа со млади категории. Ако во тоа ја имаме поддршката од општините, сигурни сме дека можеме да осигураме убава иднина на нашиот спорт, а посебно за најмладите фудбалери.

Заеднички со институциите и локалната самоуправа се трудиме фудбалот во Македонија да биде национална стратегија. Фудбалот на некој начин е економска гранка, кога го развиваме, мораме да размислуваме и за економските аспекти, а тоа значи дека мораат да бидат вклучени и други ресурси, освен спортските. Во таа насока е зајакнувањето на соработката со Стопанската комора на Македонија со цел унапредување на корпоративната општествена одговорност. Соработката ќе се одвива преку активностите кои ќе придонесат за остварување на целите дефинирани во Програмата за развој на спортот во Република Македонија.

UEFA Football Committee

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП