20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за енергетска безбедност во Западен Балкан

Конференција за енергетска безбедност во Западен Балкан

konferencija (1)

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) Скопје во соработка со својот партнер Аналитика денеска во Скопје ќе се одржи конференција на тема „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“.

Целта на конференција е да понуди платформа за дискутирање на енергетската безбедност од гледна точка на јавните политики и геополитиката релеватна за регионот од Западен Балкан и да покрене дискусија за предизвиците на енергетската безбедност и за внатрешната подготвеност за справување со нив.

Идејата е конференцијата да претставува отворен форум за размена на тема енергетска безбедност во Западен Балкан, вклучувајќи го мислењето на различни чинители.

На конференцијата ќе учестуваат преставници од Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН, претставници од академската заедница, граѓанскиот сектор и дипломатијата.

Во рамки на конференцијата ќе биде промовиран трудот подготвен од истражувачите од Аналитика, Андреја Богдановски и Ана Стојиловска насловен „Состојбата со енергетската (не)безбедност во Македонија“ кој ја анализира состојбата со енергетската безбедност во Македонија и ги идентификува главните прашања кои ја отежнуваат подобрената енергетска ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП