26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРенци на мета поради невработеноста

Ренци на мета поради невработеноста

mateorenci54654

Стапката на невработеност во Италија во септември се зголеми, изненадувајќи ги аналитирачите и зголемувајќи го притисокот врз премиерот Матео Ренци.

Невработеноста во Италија минатиот месец пораснала на 12,6 проценти од 12,5 проценти од август, наведува Заводот за статистика во Рим, а пренесува агенцијата Франс прес. Економистите очекуваа пад на стапката на 12,4 проценти.

Според сезонски прилагодените податоци, 3,24 милиони луѓе активно барале работа во септември, што е за 1,5 проценти повеќе на месечно и 1,8 проценти повеќе на годишно ниво.

Невработеноста меѓу младите е малку намалена, на 42,9 од 43,7 проценти во август.

Ренци вети дека неговиот „Закон за работа“ ќе ја оживее италијанската економија и ќе привлече странски инвеститори, но тој влезе во кофликт со синдикатите околу плановите на компаниите да им се олесни процесот за отпуштање на работниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП