27 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со печурки: Нема гладување, нема јо-јо ефект

Диета со печурки: Нема гладување, нема јо-јо ефект

sauteed-mushrooms_food-cookture_pic2

Печурките нека ви бидат одлична замена за месото и одличен начин да ослабите, а да не гладувате.

Нема гладување, нема јо-јо ефект. Суштината е да го исфрлите месото и месните преработки од менито.

Предности на диетата со печурки

Печурките содржат протеини и влакна кои создаваат ситост, но тие се нискокалорични, имено во 150 грама има само 30 калории.

Предноста на оваа диета се крие во подобрувањето на изгледот бидејќи пречурките содржат високи количини на Б витамин, железо, цинк, калиум и селен, кои ја хранат кожата, косата и ноктите.

Mushroom-Quinoa-Patties-1

Режим за диетата со печурки

Диетата се спроведува во текот на 5 недели при што треба да се придржувате до внесување на 1.550 калории на ден, што дневно вклучува консумација на 5 порции овошје и зеленчук и 0,5 л млеко со цел да се обезбеди адекватен внес на хранливи материи.

Главниот фокус на диетата е да го замени месниот оброк со печурки и тоа неколку пати неделно.

Кај нас најмногу се консумираат шампињоните, но и сите останати видови на печурки се нискокалорични.

Совет: Шампињоните подгответе ги само неколку минути на огнот (околку 5-7 минути) со цел да сочуваат најголем дел од хранливите материи. На овој начин печурките ќе бидат меки и лесни за јадење.

mushroomsalad

Идеи за вкусни оброци:

– меленото месо во шпагетите болоњезе заменете го со печурки

– наместо пилешко во рижото користете печурки

– вкусен гулаш можете да направите од шампињони наместо од месо

– месото во хамбургерот заменете го со буковки печени во фолија

– од три вида на печурки направете си сами пашета и така заменете ја онаа од месо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП