26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсветлена клучката Кадино, инвестиција вредна 4,5 милиони денари

Осветлена клучката Кадино, инвестиција вредна 4,5 милиони денари

osvetluvanje klucka

Јавното претпријатие за државни патишта ја осветли клучката Кадино, која е дел од автопатот „Александар Македонски“. Со ова од почетокот на годинава осветлени се вкупно околу 10 километри патишта за што се инвестирани околу 35,5 милиони денари.

Клучката Кадино е осветлена со 22 канделабри од кои 10 се двокраки и 12 еднокраки, а осветлувањето е изведено со систем на намалување на електричната енергија. За овој зафат вложени се 4,5 милиони денари.

„Станува збор за осветлување во вкупна должина од 1.100 метри за што се инвестирани 4,5 милиони денари. Планирано е и осветлување на клучката кај Куманово за која се очекува активностите да започнат кон крајот на оваа година, како и осветлување на клучката пред влезот во Радовиш“, изјави денеска директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Од почетокот на годинава осветлување добијаја и клучката Тетово – Југ, клучките на влезовите во Прилеп и Штип, раскрсницата пред Вевчани и влезот во Гостивар, по наплатната станица.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот од 2013 година досега се инвестирани три милиони евра за осветлување на вкупно 30 километри автопатишта, магистрални и регионални патишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП