2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин бара Украина да не ја имплементира Спогодбата за асоцијација со ЕУ

Путин бара Украина да не ја имплементира Спогодбата за асоцијација со ЕУ

476616659-russian-president-vladimir-putin-looks-on-during-a.jpg.CROP.promo-mediumlarge

Русија ќе го блокира пристапот на Украина до руските пазари, доколку Киев имплементира дури и дел од Спогодбата за асоцијација со Европската унија, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

Во писмо адресирано до украинскиот претседател Петро Порошенко, Путин се заканува дека дури и промената на националното законодавство на Украина со цел да се имплементира Спогодбата ќе доведе до итна реакција на Москва.

„Се уште сметаме дека само систематските измени во Спогодбата, кои ќе се однесуваат на целиот спектар ризици за руско-украинските економски врски и за целата руска економија, ќе овозможат да се одржи постоечката трговска и економска соработка меѓу Руската Федерација и Украина“, пишува Путин во писмото, со датум од 17 септември.

Рускиот претседател не навлегува во детали во врска со евентуалните мерки, но минатата недела премиерот Дмитриј Медведев потпиша наредба за намалување на пристапот до Русија за украинаскиот извозници. Оваа мерка треба наскоро да стапи во сила.

Значителното зголемување на царините би довело до загуби од три милијарди евра годишно за економијата на Украина, која во Русија извезува претежно челик, јаглен, хемиски супстанци и житни култури.

Како отстапка пред Русија, ЕУ го одложи имплементирањето на трговскиот дел од Спогодбата до крајот на декември 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП