7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставници на Стопанската комора на Ескишехир во посета на Република Македонија

Претставници на Стопанската комора на Ескишехир во посета на Република Македонија

najgore

По посетата на Ескишехир, Република Турција, на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-ин Никола Груевски и членовите на владината делегација, меѓу кои и Заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Климент Шекеровски, каде се се обратија на бизнис форумот за презентација на поволностите кои ги нуди Република Македонија за реализација на странски инвестиции, претставници на дваесет компании на Стопанската комора на Ескишехир, предводени од Претседателот на комората, денес во Скопје имаа средба со претставници на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

abas

На средбата тие имаа можност да дознаат повеќе за поволностите за инвестирање и директно да разговараат со стручни лица од Агенцијата кои им помогнаа подобро да ја запознаат Македонија и начинот на кој можат да започнат бизнис. Потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу Турција и Македонија со кој се создадоа одлични можности за трговија со помали трошоци е основа за ваков вид на продлабочување на економската соработка на овие две земји.

gore

Компаниите се од различни индустрии меѓу кои и медицинска опрема, трговија, туризам, градежништво, прехранбена индустрија и друго.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП