26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатени 440,4 милиони денари субвенции на 15 илјади земјоделци

Исплатени 440,4 милиони денари субвенции на 15 илјади земјоделци

stocari 2948

Министерството за финансии денеска исплати 440,4 милиони денари субвенции на 15.469 земјоделци по повеќе основи.

За произведено и продадено, кравјо, овчо и козјо млеко исплатени се 271,5 милиони денари на 14.498 сточари, при што висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.

За поддршка на сточарството исплатени се и 168,9 милиони денари на 971 сточар за обележани грла овци. Висината на поддршката за обележани грла овци изнесува 1.000 денари по грло.

Владата на Република Македонија и Министерството за финансии, како што се истакнува во соопштението, продолжуваат со поддршка на земјоделството преку исплата на субвенции за стимулирање на оваа носечка економска гранка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП