26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГрицкањето нокти е повеќе од лоша навика

Грицкањето нокти е повеќе од лоша навика

grickanje-noktiju

За почеток, грицкањето на ноктите може да ви донесе некој сериозно опасен вирус, бактерија или некоја друга болест, па затоа отстранете ја оваа навика. Исто така, оваа лоша навика ги зголемува шансите за инфекција на кожата околу ноктите.

Тогаш доаѓа до црвенило, се создаваат пликови и жаришта кои се одлична подлога за габички и бактерии, а целиот тој процес е многу болен.

Покрај тоа, ако имате брадавици на прстите, грицкањето на ноктите е еден од начините на кој тие можат да прошират на другите делови од рацете но и целото тело.

Раничките на ноктите и кожата околу нив можеби ќе успеете да ги излечите за две недели, но доколку предизвикате развој на габична или бактериска инфекција тоа може да ве мачи половина година, но и подолго.

Грицкањето на ноктите ги оштетува и забите, предизвикува нивно ронење. Со грицкањето ризикувате да дојде до поместување на забот или уништување на забната глеѓ. Пробајте да се одвикнете од оваа лоша навика, ако веќе нешто морате да правите со рацете, ставете прстен и вртете го постојано, или најдете некоја друга занимација…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП