26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏенгис нов член на МЗТ Скопје Аеродром

Џенгис нов член на МЗТ Скопје Аеродром

mj

Американецот Милтон Џенингс е ново име во составот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром.

24-годишниот Џенингс е висок 206 см., игра на позициите крилен центар/центар и треба да преставува засилување под обрачите во тимот на МЗТ Скопје.

Италијанскиот Мобит Ферара е тимот каде што лани настапуваше Џенингс и чиј просек беше 12.5 поени и 7.7 скока по натпревар. Претходно четири години ги бранеше боите на универзитетот Клемсон во НЦАА лигата.

– Милтон Џенингс доаѓа како замена за словенецот Марко Пајиќ кој поради обнова на хронична повреда (дискус хернија) нема да биде во можност да продолжи со подготовките на шампионот и ќе се врати назад во Словенија, соопштија од клубот од Аеродром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП