26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот долг ќе се разгледува на есен

Грчкиот долг ќе се разгледува на есен

Michel-Sapin111

Состојбата со долгот на Грција ќе се разгледува на есен, изјави францускиот министер за финансии Мишел Сапен.

Во интервју за „Катимерини“, како што јави дописникот на МИА од Атина, Сапен додава дека Франција ја помага и ќе продолжи да и помага на Грција.

„Се уште е многу рано да се предвидат финансиските потреби на Грција. На есен детално ќе го проучиме прашањето за долгот и врз основа на заклучоците ќе преземеме соодветни финансиски решенија“, рече Сапен кој минатата седмица беше во посета на Атина.

Според него, Грција „се наоѓа во многу подобра економска, финансиска и буџетска состојба од претходно и тоа и дозволува да се оддалечи од зоната на бура“.

„Најсуровите мерки се дел од минатото, но се согласувам дека условите за Грција и нејзините граѓани се тешки“, додаде Сапен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП