26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДесетте најубави африкански плажи (фото)

Десетте најубави африкански плажи (фото)

afrika plazi naslovna

Европа, Карибите и Латинска Америка имаат прекрасни плажи, кои се многу популарни во светот.

Денес сепак ќе се посветиме на плажите во Африка, кои не се толку познати, барем не на туристите од нашите простори.

Погледнете ги 10-те најубавите плажи во Африка:

Бел Мар – Мавританија.

afrika plazi 1

Мавританија е убава островска држава во Индискиот Океан. Низ неа поминале многу колонизатори – Португалците, Французите, Англичаните. Сите овие империи оставиле свој белег на локалната култура. Бел Мар се наоѓа на источниот дел и е една од најубавите со бел песок и неверојатните изгреви.

Кокробите – Гана.

afrika plazi 2

Земјата е мирна, за разлика од другите во Африка, каде што може да се сретнете со немири и нереди. Има многу убави плажи, од кои еден е Кокробите. Се наоѓа на само 30 километри од главниот град. Водата е одлична, локалните луѓе се многу дружељубиви.

Читимба – Малави.

afrika plazi 3

Малави нема излез на море. Земјата е заклучена помеѓу Замбија, Танзанија и Мозамбик. Меѓутоа пости одлична плажа на езерото Малави. Опкружено е од банана дрвја и папаја, со поглед кон планините Ливингстон и Ниикја.

Ансе Солеил Бич – Сејшелите.

afrika plazi 4

Сејшелите се архипелаг од острови во Индискиот Океан. Населението е едвај 100.000 луѓе. Оваа плажа се наоѓа на островот Махе. Тој е многу романтичен и мирен, опкружен е од џунглата. Ова е можеби едно од најубавите места во светот за набљудување на зајдисонцето.

Увонго Бич – Јужна Африка.

afrika plazi 5

Оваа плажа е многу погодена за фамилии. На плажа има и плитка лагуна која е идеална за игра за деца.

Елмина Бич – Гана.

afrika plazi 6

Се наоѓа на 3,5 часа со автомобил од престолнината. Регионот бил освоен од Португалците и бил важна станица во трговијата со робови.

Нунгви – Занзибар.

afrika plazi 7

Не може да се зборува за убавината на Африка, без да се спомене најубавиот архипелаг Занзибар. Тука има неколку неверојатни плажи, како оваа на рибарското селце Нунгви (на фотографијата).

Скелетон Коуст – Намибија.

afrika plazi 8

Се наоѓа помеѓу пустината Намиб и Атлантикот. При средбата на топлиот воздух од пустината и ладниот од Атлантикот се формира речиси перманентна магла. Има соодветни бранови за сурфање и е популарна меѓу љубителите на овој спорт.

Кап Скиринг – Сенегал.

afrika plazi 9

Се наоѓа во реонот на Казаманке и е доста изолирана и мирна. Плажата е многу рамна и се протега со километри.

Сиди Бу Саид – Тунис.

afrika plazi 10

Како и повеќето Медитерански плажи, и оваа е убава, живописна и спокојна. Водата е чиста, песокот бел. Гратчето има неверојатни ресторани во кои може да ја пробате локалната кујна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП