26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на добивката и приходите на Philips во вториот квартал

Пад на добивката и приходите на Philips во вториот квартал

philips-Innovation-Hub-Africa

Производителот на електрични уреди „Philips“ во вториот квартал од оваа година забележа пад на нето добивката за скоро една четвртина, а причината за тоа е поради неуспехот во пренасочувањето на фокусот на здравствената технологија.

Добивката на групација забележа пад во вториот квартал за 23 отсто во однос на истиот период од пред една година или на 243 милиони евра. Вкупната продажба, пак е намалена за 5 проценти или на 5.3 милијарди евра. Оперативната добивка на групацијата изнесуваше 415 милиони евра, што претставува скоро 8 отсто продажба.

„Во второто тримесечие продолживме да се соочуваме со проблемите, вклучувајќи ги и моменталните слабости на одредени пазари, неповолните валутни курсеви и доброволното прекинување на производството во нашето здравствено одделение во Кливленд“, вели извршниот директор Франс ван Хоутен.

Во „Philips“ сакаат да се фокусираат на напредната технологија за осветлување, т.е. на медицинската технологија, каде маргините се јаки и помалку чувствителни на конкуренцијата на пазарите во развој. Но, продажбата во здравственото одделение опадна во овој квартал за 4 проценти, а групацијата ја погоди и привременото прекинување на производството во фабриката на медицински скенери во Кливленд, откако американската Агенција за храна и лекови пронајде недостатоци во контролата на квалитетот.

Оваа компанија е основана во 1891-ва, а за неа работат околу 112.000 луѓе ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП