26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбука за десет менаџери од кумановски компании

Обука за десет менаџери од кумановски компании

obuka222

Заврши дванаесетдневната обука која ја организираше Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија, а на која учествуваа десет менаџери од кумановски компании.

На обуката учествуваа раководители и управители на фирми, кои се стекнаа со одредени вештини кои се однесуваат на лидерството, управувањето со човечките ресурси и бизнис процесите во самата фирма.

Фокусот беше ставен во делот на нови методологии, како што е воспоставувањето на стратешките планови за мали и средни претпријатија, неопходноста од нивно воспоставување, користењето на методологијата на балансирани карти за оценка воспоставување на систем за мерење на изведбата или перформансите, значи сите оние елементи кои се во современите менаџмент процеси, за да почнат да ги применуваат и управителите во овој регион.

Проектот претставува вид на тренинг-академија која овозможува подобрување на обуката во делот на менаџментот на фирмите. Раководителите, стопанствениците или вработените кои се задолжени во делот на управувањето треба да станат и носители на промени во самите фирми, применувајќи ги новите технологии за управување. Во наредниот период, информираат надлежните ќе следува работа во фирмите на специфицирање на сработеното во секоја одделна фирма.

„Она што беше карактеристично за време на обуката е нивната подготвеност да направат нов исчекор да направат промени, да воведат нови процеси и услуги во работењето, а дел да го зголемат и бројот на вработените, вели Јане Вртевски, тренер обучувач на проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП