27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска Банка: Поплавите на Балканот ќе предизвикаат недостиг на струја

Светска Банка: Поплавите на Балканот ќе предизвикаат недостиг на струја

People stand in their apartments as they wait to be evacuated in flooded town of Obrenovac

Светската банка денеска оцени дека катастрофалните поплави во земјите од Западен Балкан ќе доведат до забавување на нивниот економски раст, како и дека во следните шест месеци ќе се соочат со проблеми во снабдувањето со електрична енергија.

Повеќе од 50 лица загинаа при поплавите и лизгање на земјиштето во Србија, БиХ и Хрватска, предизвикани од дождовите, кои беа најпоројни во последните 100 години.

Дождот доведе до зголемување на нивото на водата во реките и поплавување на патишта, мостови, обработливи површини и цели населни места.

Србија и БиХ беа најпогодени од природната непогода, а штетите се проценуваат на стотици милиони евра, што е огромен удар за нивните економии.

Производството на струја во Србија се намали за 40 проценти како резултат од десетдневниот прекин на работата на најголемата електроцентрала.

Проблематично беше и снабдувањето со електрична енергија во БиХ, а помалку во Хрватска.

Според директорот на Светска банка за Југоисточна Европа, Елан Голдстејн, во текот на оваа година поплавите ќе предизвикаат намалување на економскиот раст, а најголем проблем ќе претставува снабдувањето на електроцентралите со потребното гориво поради поплавените рудници со јаглен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП