26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ (не)сака да ја спаси Украина

ММФ (не)сака да ја спаси Украина

imageukraine59885jihb

Директорката на ММФ, Кристин Лагард оценува дека 17 милијарди долари се недоволни за економската ситуација во Украина да биде поправена. Таа нагласува дека без политичка стабилност тешко ќе се постигне економска стабилност.

Во ММФ предупредуваат на можни последици по светската економија поради понатамошните ескалации на кризата во Украина.

Меѓутоа, Алексис Кипрас, лидерот на Сириза, главната опозициска партија на Грција и кандидат за шеф на Европската комисија, тврди дека ММФ не сака да ја спаси Украина.

„Тие ќе го применат режимот „затегнување на ременот“ и така ќе ја уништат средната класа“, предупредува Кипрас.

Тој укажа на примерот со Грција во кој пред четири години пристигнал ММФ, а потоа грчкиот народ, како што истакнува тој „бил предмет на невиден социјален грабеж“.

Украина на почетокот на мај ја доби првата транша од кредитот на ММФ во износ од 3,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП