26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците повторно најлесно до работа

Германците повторно најлесно до работа

vrabotuvanje-mesto

За разлика од повеќето европски земји, во кои невработеноста расте, во Германија таа се намалува.

Во април стапката на невработеност повторно е намалена, благодарение на новоотворените работни места кои оваа пролет се поголеми отколку очекувањата.

Според сезонски прилагодените податоци, бројот на невработени лица во април е намален за 25,000, што е значително повеќе во однос на очекуваниот пад од 10,000, додека стапката за невработеност останала непроменета, односно 6,7 проценти, се наведува во соопштението на германската Канцеларија за труд, пренесува агенцијата Франс прес.

Според сезонски неприлагодените податоци, бројот на невработените лица е намален за 111,400 на 2,943 милиони лица, а стапката на невработеност е намалена на 6,8 проценти од 7,1 проценти, се вели во соопштението на Канцеларијата.

Секторите како градежништвото и земјоделството традиционално имале значително поголема побарувачка за работници за време на потоплите месеци отколку во зимските месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП