26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia повлекува 30.000 полначи за таблетот Lumia 2520

Nokia повлекува 30.000 полначи за таблетот Lumia 2520

nokia polnac11

Финската компанија „Nokia“ соопшти денеска дека ќе повлече 30.000 полначи за таблетот „Lumia 2520“, поради опасност од струен удар.

Полначот „AC-300“ е продаден во Германија, Австрија, Данска, САД, Финска, Велика Британија, Швајцарија и Русија, се наведува во соопштението од „Nokiа“.

„Пластичниот поклопец на полначот може да се одвои. Доколку тоа се случи, некои внатрешни делови може да предизвикаат струен удар ако корисникот ги допре тие делови додека полначот е приклучен во струја“, се додава во соопштението.

„Nokia“ истакнува дека оваа можна опасност е откриена при контролата на работата на полначот, како и дека досега не е пријавен ниту еден инцидент поврзан со овој проблем.

Компанијата ги повика сите корисници на таблетот „Lumia 2520“ во иднина да не го користат полначот и дека набргу ќе пронајдат решение за овој проблем.

„Lumia 2520“ е првиот таблет на „Nokiа“, специјализиран за мобилните телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП