26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнкета: Богати Грци и Шпанци вложуваат во акции

Анкета: Богати Грци и Шпанци вложуваат во акции

money-euro_w520

– Најбогатите Грци ги вложуваат своите капитали во акции, бидејќи се убедени дека тоа ќе им донесе двојно повеќе дивиденди, отколку други хартии од вредност, покажува спроведеното истражување на Џеј Пи Морган.

Освен Грците, во оваа група се вбројуваат и Шпанците. Станува збор за богатите инвеститори од земјите во криза, како Грција и Шпанија, кои се сметаат за најоптимистички расположени од која било друга група инвеститори.

Анкетата покажува дека 75 отсто од богатите приватни инвеститори во Европа планираат да го вложат својот капитал во купување на акции.

Над половина од учесниците во истражувањето во 15 градови на Стариот континент изјавиле дека планираат да ги инвестираат своите пари во акции, а 18 проценти одговориле дека се подготвени да ги вложат во алтернативни инвестиции, како на пример хеџ-фондови и недвижности.

Претставник на Џеј Пи Морган изјавил дека 2014 ќе биде година која ќе им донесе заработки на оние кои инвестирале во акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП