26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСиромаштијата го забрзува стареењето на ДНК

Сиромаштијата го забрзува стареењето на ДНК

dna

Децата кои пораснале во сиромашни семејства покажуваат повеќе знаци на преурането стареење на хромозомите, пишува стручното списание „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

Амриканските научници од Пен стејт Универзитетот веруваат дека овие наоди можат да објаснат поради што растењето во немаштија е поврзано со поголем ризик за рак и други потешкотии со здравјето на зрела возраст.

Сега се покажало дека и деветгодишни деца од сиромашни семејства имаат знаци од преурането скратување на заштитните продолжетоци на краевите на хромозомите (теломери).

Децата од семејства со послаба имотна состојба имале во просек 19 отсто покуси теломери од врсниците од поимотните семејства.

Децата од нестабилните семејства имале дури 40 отсто покуси теломери, предупредуваат научниците по анализата на ДНК за 40 деца.

Од друга страна, децата на мајките со универзитетско образование имале просечно 35 отсто подолги теломери од останатите деца.

Теломерите природно се скратуваат со одминувањето на животната доба, а делуваат така што оневозможуваат оштетување на генот, појаснуваат истражувачите. нд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП