26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 20 години половина од работниците во Америка ќе бидат роботи

За 20 години половина од работниците во Америка ќе бидат роботи

robotirabotniciamerikabiuwegebhgiuhweuphr[832yut894u

Напредокот донесе алатки кои можат да донесат одлуки слични на оние на луѓето, како и софистицирани роботи кои тие одлуки можат да ги спроведат.

Вештачката интелигенција и роботите веќе одамна им се придружија на луѓето на работните места, а научниците од Оксфорд предвидуваат дека односот наскоро би може да биде пола-пола.

Напредокот донесе алатки кои можат да донесат одлуки слични на оние на луѓето, како и софистицирани роботи кои тие одлуки можат да ги спроведат. Инженерите сега можат да се потпрат на алгоритми кои се прилагодуваат и учат на примери од минатото, па „големата автоматизација“ се очекува во наредните две децении.

Британските научници наведуваат дека во наредните дваесет години роботите би можеле да ги заменат луѓето на речиси половина работни места во САД, меѓу кои се и службениците, книговодителите, возачите на такси, но и агентите за недвижнини.

-Вакви транзиции се случувале и претходно. Сега е поинаку само тоа што технолошкиот напредок е многу побрз, па така транзицијата би можела да влијае на повеќе различни работни места, вели Карл Бенедикт Фреј, еден од авторите на студијата и истражувач на Програмата за истражување на влијанието на технологијата на иднината на Оксфорд.

Како што се наведува, транзицијата е природно продолжение на ИТ револуцијата која веќе остави длабока трага во индустријата во светот, како кај „физичките“ така и кај „менталните“ операции.

– Компјутерите и роботите ги преземаат задачите кои можат да бидат специфицирани со инструкции чекор-по-чекор, работи кои подразбираат рутина и потполно јасна одговорност. Тоа ја елиминираше потребата за многу професии од средната класа во само една генерација – наведува студијата.

Силните компјутери наидоа на нова препрека, а тоа е тоа што тие можат да извршуваат само нешто што им е јасно одредено и ни чекор повеќе.

-Тоа успеа да го задржи човечкиот ексклузивитет во бројни занимања, но тоа нема да трае долго, се наведува во студијата.

Фреј е уверен дека понатамошниот технолошки напредок, пред се поради можноста за „машинско учење“ и понатамошен развој на вештачката интелигенција, набрзо ќе донесат лесно достапен софтвер кој ќе биде способен да „научи“ сам да донесува одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП