Шеќерот треба да сочинува помалку од пет отсто од она што луѓето го јадат секојдневно, доколку сакаат да немаат ризици по здравјето, како прекумерна тежина и уништување на забите, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Агенцијата на ОН објави предлог ревидирана препорака за конзумирање на шеќерот, а во соопштението се укажува на „докази за врската меѓу внесувањето на шеќер, телесната тежина и забниот кариес“.
Нагласено е дека производителите на храна и потрошувачите им додаваат на јадењата т.н. „прости шеќери“, како што се моносахарид и дисахарид, и дека шеќерот го има во медот, сирупите, овошните сокови и овошните концентрати.
– СЗО препорачува да се намали внесувањето на слободните шеќери во текот на целиот живот, се додава во соопштението.