26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдноставен и паметен начин како да ја намалите сметката за електрична енергија

Едноставен и паметен начин како да ја намалите сметката за електрична енергија

elektrichnaenergija1

Добар начин за да ги намалите трошоците е на почетокот да ја намалите потрошувачката на електрична енергија. Не само што месечно ќе имате помалку трошоци за сметки, туку ќе направите и нешто добро за животната средина.

Исклучете ги апаратите кога не ги користите

Дури и кога не се во употреба, приклучените во струја апарати трошат – да дури и полначите на кои ништо не е вклучено трошат. Постојат многу работи кои ги оставаме приклучени во струја а воопшто не сме ни свесни дека ни трошат струја – микробранова, полначи за мобилен, дигитални рамки за слика, лаптоп…. иако тие не трошат многу, сепак прават одреден трошок.

Користете продолжен кабел

Набавете продолжен кабел и на него приклучете што повеќе приклучоци. На тој начин нема да морате секој приклучок да го вадите одделно, само ќе го исклучите продолжениот кабел.

Заменете ги сијалиците

Заменете ги обичните сијалици со штедливи. Енергетски ефиксната сијалица користи 75 проценти помалку енергија од традиционалната и трае шест пати повеќе.

Поправете ги пукнатините

Ако вашата куќа не е доволно изолирана, веројатно трошите повеќе енергија. Ладниот воздух влегува однадвор и така ја губите топлината и енергијата.

Паметно перете ги алиштата

Кога е можно, одредени алишта перете ги со ладна вода, така ќе заштедите пари и енергија. Деведесет проценти од електричната енергија која се користи при перењето е за загревање на водата.

Сушете ја облеката на правилен начин

Кога можете, облеката сушете ја на воздух, а не во сушара. А кога ја користите сушарата за алишта гледајте таа да биде прописно наполнета. Исто така, редовно чистете ги филтрите со цел сушарата да работи како што треба и да троши помалку енергија.

Наполнете ја убаво машината за садови

Вклучете ја машината само кога е целосно наполнета. Размислете и за тоа да го исклучите програмот за сушење и да ги оставите садовите сами да се исцедат.

Чистете ги своите куќни уреди

Чистете го фрижидерот за поефикасно да работи. Тоа би требало да го направите барем два пати годишно, бидејќи на тој начин ќе ја намалите потрошувачката за шест проценти. Чистете ги или заменете ги филтрите на климатизерот, на тој начин ќе заштедите 15 процетни од енергијата.

Набавете термостат

Тоа е добра инвестиција, бидејќи сте во можност да заштедите енергија така што ќе спроведете контрола на греење и ладење кога сте далеку од домот или спиете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП