26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Јунајтед се најавува реновирање на одбраната!

Во Јунајтед се најавува реновирање на одбраната!

kolesa

Менаџерот на Јунајтед следното лето ќе започне со комплетно реновирање на тимот, а на прво место е одбраната.

Дејвид Мојс веќе некое време го следи Лук Шо од Саутемптон и смета дека тој би бил добра замена за Патрис Евра на позицијата лев бек.

На Евра му истекува договорот на крајот од сезоната, па најверојатно тој ќе замине за Монако, но младиот англиски репрезентативец Лук Шо исто така е на мета на Челзи, кои најверојатно нема да седат со скрстени раце, бидејќи ова момче е голем фан на „сините“, но ќе биде и долгорочно решение на позицијата лев бек, која во екипата моментално ја покрива Цезар Аспиликуета.

Од друга страна во Јунајтед е критична и позицијата десен бек, која неизменично ја покриваат Рафел и Крис Смолинг, а на моменти и Антонио Валенсија, па доведувањето на Шејмус Колмен би го решил тој проблем.

Мојс добро го познава Колмен од периодот додека работеше во Евертон, но мора да се признае дека младиот Ирец не играше вака добро како сега во претходните сезони, затоа што веќе има 5 голови и асистенција, а игра на позицијата десен бек.

Шо би чинел околу 25 милиони фунти, додека Евертон за Колмен би барал не помалку од 20 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП