26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФФРМ и Ветеринарната комора ќе потпишат меморандум за соработка

ФФРМ и Ветеринарната комора ќе потпишат меморандум за соработка

farmeri1

Федерацијата на фармери на Република Македонија и Ветеринарната комора на Република Македонија денеска ќе потпишат меморандум за соработка.

Со меморандумот ќе се формализира соработката помеѓу двете организации во насока на унапредување на сточарството и ветеринарното здравство, преку полесно справување со предизвиците со кои се соочуваат сточарите и ветеринарите.

Меморандумот ќе го потпишат Андрија Секуловски, претседател на ФФРМ и Томислав Николовски, претседател на Ветеринарна комора на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП