26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТокио повторно најатрактивна инвестициска дестинација во Азија

Токио повторно најатрактивна инвестициска дестинација во Азија

tokio1156

Во 2013 година дојде до значителни промени на инвестицискиот пазар во азиско-пацифичкиот регион, се наведува во извештајот на глобалната консултантска компанија „PwC“.

Овогодинешниот извештај „Трендови на пазарот на недвижности во азиско-пацифичкиот регион“, на глобалнта ревизорска куќа го стави Токио на врвот на листата за најдобрите инвестициски дестинации во 2014 година

Гледана како целина, Јапонија, по пет години, се врати на местото на најатрактивен инвестициски пазар.

„Лабавата монетарна политика и девалвираниот јен го направија јапонскиот пазар подостапен, а обновената подготвеност на земјата да инвестира во странство, ја врати Јапонија на светската сцена“, се вели во извештајот.

Ова е листата на првите десет градови во азиско-пацифичкиот регион според инвестицискиот потенцијал во 2014 година

1. Токио (Јапонија)

2. Шангај (Кина)

3. Џакарта (Индонезија)

4. Манила (Филипини)

5. Сиднеј (Австралија)

6. Гуангжу (Кина)

7. Сингапур

8. Пекинг (Кина)

9. Осака (Јапонија)

10. Шенжен (Кина)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП