26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЕПСО со заем од ЕБОР ќе ја ревитализира електроенергетската мрежа

МЕПСО со заем од ЕБОР ќе ја ревитализира електроенергетската мрежа

mepso

Со заем од Европската банка за обнова и развој од 25 милиони евра ќе се реконструира и модернизира преносната мрежа на електроенергетскиот систем на АД МЕПСО.

Предлог-законот за задолжување на компанијата кај ЕБОР без државна гаранција денеска беше поддржан од собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Покрај овој заем, ревитализацијата ќе се реализира и со 15,5 илјади евра од буџетот на АД МЕПСО.

Рокот на исплата на заемот е 15 години, со грејс период од три години и каматна стапка од три проценти плус шестмесечен евролибор. Отплатата почнува од 20 декември 2016 година.

– Со потпишувањето на договорот за заем и со оставрувањето на овој проект се очекува зголемена сигурност и подобар квалитет во снабдувањето со електрична енергија и намалувањето на можните штети што би настанале заради неефикасното испорачување на електрична енергија, истакна заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини.

Опозицијата оцени дека е добро тоа што се ќе се ревитализира електроенергетската мрежа, но праша зошто МЕПСО ќе користи кредит, а од друга страна реализира проекти кои не се приоритетни како хотел на Јабланица, сноу борд патека на Пониква и фасада на административната зграда на компанијата.

Заменик-директорот на МЕПСО, Крсте Муковски ја отфрли информацијата за хотел на Јабланица, појаснувајки дека ќе бидат одвоени 200 илјади евра за изработка на физибилити студија и мастер план за изградба на скијачки терени на оваа планина преку јавно-приватно партнество.

Потврди дека се инвестирани два милиони евра за сноу борд патеки на Пониква и Крушево, а во однос на обвинувањата за трошење на средства за фасада на административната зграда, појасни дека е планирана реконструкција на целата зграда со која е опфатена и фасадата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП