3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: Задолжително да се бара фискална сметка

УЈП: Задолжително да се бара фискална сметка

fiskalna

Осум објекти во Гостивар и 21 објект во Штип се затворени при последните контроли на инспекторите од Управата за јавни приходи.

Од осумте во Гостивар, за два објекта на трговци поединци кои вршат дејност од помал обем е предвидена и глоба од 750 евра.

–  За останатите, меѓу кои има магацини на големо за градежни материјали, бензиска пумпа, ресторани специјализирани за свадби и други угостителски објекти, а кои прикажувале помал промет и до 50 проценти, изречени се глоби од 3.250 евра, информира денеска УЈП.

Оттаму апелираат граѓаните задолжително да бараат фискална сметка со цел да се осигураат дека данокот, кој го плаќаат како потрошувачи, нема да заврши во, како што велат, нечии приватни џебови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП