1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнспекторите пред пензија нема да полагаат испит

Инспекторите пред пензија нема да полагаат испит

ivo-ivanovskiiii

Инспекторите на секоја шеста година ќе треба да полагаат испит и да се стекнат со сертификат, а за оние што имаат уште пет години до пензија нема да важи оваа обврска.

Ова се дел од предложените измени на Законот за инспекциски надзор кои во вид на амандмани во текот на вчерашниот ден се поднесени од страна на пратеничката група на
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието на Република Македонија.

Измените следуваат како резултат на прифатените забелешки од страна на Синдикатот на УПОЗ при Сојузот на синдикати на Македонија.

– Со тоа ќе им излеземе во пресрет на оние што се пред пензионирање, да не стравуваат дека овој закон се носи со цел да се прави некаков политички реваншизам или да се направи
што е можно поголем број од инспекторите да го изгубат своето работно место.

Напротив, овој закон се носи за да постави уште посилна конкуренција меѓу инспекторите, а оние кои совесно ја извршуваат својата работа, да бидат наградени, нагласи министерот за информатичко општество Иво Ивановски на денешната заедничка прес-конференција со Сојузот на синдикати на Македонија. Ивановски оцени дека се работи за крупна реформа во инспекторатот и очекува дека измените ќе бидат позитивно прифатени од страна на инспекторите.

Синдикатот е задоволен од успешно завршените преговори со ресорното Министерство.

– Бевме уверени дека овој закон е реформски и на некој начин добар и за инспекторите и нуди гаранција на нивните рабони места и што е најважно успешните ќе бидат наградени.

Поаѓајќи од тие позиции за Синдикатот на УПОЗ новите решенија се прифатливи, а ова е убав пример за понатамошна соработка со социјланиот партнер бидејчи ни претстојат и други закони во оваа област, истакна претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски.

Надлежните најавуваат надополнување на кадровскиот потенцијал на инспекторатите, имајќи ја во предвид старосната граница на инспекторите.  – Работа на Инспекцискиот совет е да оцени каква е кадровската екипираност на секој инспекторат поединечно.

Од тие причини кога Инспекцискиот совет ќе утврди, а и директорот на инспекторатот е свесен за тоа, ќе достави предлог до Владата да се одобри освежување на бројот на инспектори и тоа ќе биде направено, појасни заменик-министерот за информатичко општество Марта Томовска – Арсовска. Во моментот, најголем недостиг на инспектори има во Пазарниот инспекторат и Инспекторат за Управата за јавни приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП