27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски: Нема потреба од формален договор со Косово

Пешевски: Нема потреба од формален договор со Косово

pesevski

Формален договор со Косово за укинување на блокадата не е ни потребно да се постигне, бидејќи мерката што ја воведе Македонија е одговор на мерката од косовската страна, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Тој на прес-конференција во Владата рече дека македонската мерка е така напишана што автоматски ќе престане во моментот кога косовската страна ќе ја укине нивната мерка.

Според него, нема економска оправданост за оваа мерка и оти се уште не се познати причините за нејзиното воведување и затоа беше и повикот за јавна дебата со претставници на косовската Влада на која би поразговарале за причините.

Пешевски истакна дека  најдобрата помош за компаниите е да не се попушти под притисок.

–  Одговорен политичар и одговорна Влада не мисли за една недела однапред и еден месец, туку мисли многу подалеку. Треба да се создаде сценарио ваква состојба да не ни се повтори во иднина. Тоа значи дека некој пат треба да голтнете горчливо апче за да го решите проблемот. Апсолутно сме свесни. Тоа е следно прашање што ќе го разгледуваме понатаму дали можеме нешто да им помогнеме на овие компании. Но, најдобарата помош што можеме да им ја дадеме е да опстоиме на нашите приниципи како држава. Само тогаш праќаме вистинска порака кон сите оние што имаат трговски односи со нас дека Макеоднија е сериозен играч кој ги почитува меѓународните трговски правила и дека не може некој со ад хок мерки да не натера да постапуваме и потклекнуваме на таков притисок. Тоа е вистинската помош на компаниите. Доколку ние попуштиме под притисок секој во иднина ќе се обидува на сличен начин да реагира и тогаш компаниите ќе губат, рече вицепремиерот Владимир Пешевски, додавајќи оти се во комуникација со косовската страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП