26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнонимноста на клиентите во швајцарските банки наскоро ќе биде минато

Анонимноста на клиентите во швајцарските банки наскоро ќе биде минато

germany-buys-secret-swiss-bank-data-cheats.si

Преговарачките тимови на Швајцарија и САД постигнаа договор, со кој се става крај на анонимноста на американските државјани, кои имаат сметки во швајцарските банки.

САД претходно и поставија ултиматум на Швајцарија, дека доколку не ја прифати спогодбата, дваенаесетте најголеми швајцарски банки нема да можат да постигнуваат договори со финансиските институции на САД.

Сите швајцарски банки, чиј број е над сто, се согласија на Вашингтон да му ја стават на располагање документацијата за тајните сметки на американските државјани во Швајцарија, покажуваат детали од спогодбата на швајцарските банки и американските министерства за правда и финансии, кои ги објави циришкиот весник „Тагесанцајгер“.

Швајцарските банкари дополнително се обврзаа, наводно самоиницијативно, да им платат на надлежните финансиски институции на САД меѓу 20 и 50 отсто од сумата, која американските сопственици на банкарски сметки ги затаиле од даночење во САД.

– Приватниот доовор меѓу преговарачките тимови на Швајцарија и САД се коси со одлуката, која во јуни ја изгласаа пратениците на швајцарскиот Парламент, тврди весникот.

Со одлуката за недопирливоста на банкарските тајни, пратениците го одбија американското барање до Швајцарија да го укине правото на анонимност на американските сопственици на сметки во алпските трерози.

Весникот додава дека оваа спогодба е всушност капитулација на швајцарските банки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП