26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 1 август дозволено собирање шумски плодови

Од 1 август дозволено собирање шумски плодови

shumsko-600x400

Подружницата на Македонски шуми „Бор” од Кавадарци од утре започнува со издавање дозволи за собирање шумски плодови.

– Тоа е во согласност со добиениот допис решение од дирекцијата на Македонски шуми, Сектор за користење на други шумски производи.

Од почетокот на наредниот месец сите кои сакаат можат слободно да собираат боровинки, смрекинки, мечкино грозје, диви јаболки и други шумски производи.

Но, мораат претходно да добијат дозвола за тоа од нашата подружница. Таа чини 400 денари од човек. За да се добие една таква дозвола, мора да се приложи лична карта, појасни Петко Ристовски, шеф на службата за заштита на шумите во „Бор”.

Таквата дозвола собирачот на шумски плодови може да ја користи до крајот на годината. Таа важи за сите региони во државата.

Што се однесува до самите откупувачи на шумски плодови, тие мораат да се јават во дирекцијата на „Македонски шуми” во Скопје и таму да се верификуваат како откупни центри, да склучат договор и да можат да вршат откуп на шумски плодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП