27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд ги охрабри француските компании да инвестираат во Словенија

Оланд ги охрабри француските компании да инвестираат во Словенија

fr

Францускиот претседател Франсоа Оланд, прв претседател кој некогаш ја посетил Словенија, се состана во четвртокот со словенските челници во кој рече дека Франција има ,,целосна доверба” во словенската економија и ги охрабри француските компании да инвестираат во таа земја.

На средбата словенечкиот претседател Борут Пахор, му  го претстави планот на францускиот претседател за решавање на економската криза во Словенија.

Зборувајки за програмата со која Словенија сака да ги оздрави јавните финансии, претседателот на Франција изјави дека и тие треба да бидат дел од процесот.

На средбата се констатираше дека двете земји имаат голем простор за зајакнување на меѓусебната соработка на повеќе области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП