26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛејкерс ќе прават дрим-тим со Џејмс и Ентони

Лејкерс ќе прават дрим-тим со Џејмс и Ентони

mia-nyk-james-anthony-5x4_Diashow

Лос Анџелес Лејкерс имаат сериозна намера да го засилат својот тим, нивна желба е во своите редови да ги доведат Леброн Џејмс и(или) Кармело Ентони, НБА ѕвезди чии договори истекуваат следното лето.

„Езерџиите“ би сакале да доведат еден, а можеби и двајцата играчи кои би требало да бидат слободни во летото 2014-та година кога им завршуваат актуелните договори со Мајами, односно Њујорк.

Покрај нив интересни на пазарот во САД најверојатно ќе бидат и Двејн Вејд, Амар Стадемајер и Крис Бош кои имаат опција според која можат една година порано да ги раскинат своите петгодишни договори кои ги потпишаа во 2010-та година.

Исто така следното лето слободни агенти ќе бидат и Дени Грејнџер, Ендрју Богут, Лол Денг и Дирк Новицки.

Според медимите во САД од една страна „реално“ е Лејкерси да го доведат Џејмс и(или) Ентони, а од друга страна тие истакнуваат дека тоа се планови на долги патеки и дека е рано да се планира нешто што ќе се случи следното лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП