26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Кафето за носење“ Британците ги чини 15.725 фунти

„Кафето за носење“ Британците ги чини 15.725 фунти

coffeecups

Просечната потрошувачка по жител за кафе за носење, изнесува околу 400 фунти и претставува мал луксуз на кого Британците секојдневно му се препуштаат. Тоа значи дека во текот на животот, просечниот потрошувач треба да издвои 15.725 фунти за купување на топол пијалок за носење.

Исто така, на секој десетти потрошувач му е потребна појака доза на кофеин, па така за својот омилен напиток троши и по 30.000 фунти.

Неодамнешните истаржувања покажуваат дека 70 проценти од 2.000 испитаници, одговориле дека оваа година ќе намалат со купување на кафе за носење. Повеќемина од овој процент на испитаници мислат дека треба да го смалат внесувањето на кофеин во организмот, додека другиот дел испитаници како фактор ја наведуваат популарноста на куќните апарати за кафе.

Милиони луѓе имаат навика да трошат неколку фунти дневно за кафе но и тој број се зголемува, вели Ален Десмер, директор на „OrSavelt“, потврдувајќи дека во Британија се трошат 6.3 милијарди фунти за топли напитоци за носење.

Тоа исто така значи дека настанал пад на продажба на уреди за греење на вода, кои се користат за припремање на кафе. Во последните 5 години, од  8.1 милион уреди за греење на вода, продажбата паднала на 7.5 милиони во 2012. Наместо тоа луѓето користат апарати за кафе или пак греат вода во микробранови печки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП