26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen DS3 Cabrio Racing Concept

Citroen DS3 Cabrio Racing Concept

ds

Како што се наближува „Goodwood Festival of Speed“ се повеќе производители ги најавуваат своите концепти, но и сериските автомобили кои ќе бидат претставени за време на оваа манифестација. Еден од нив е и „Citroen DS3 Cabrio Racing Concept“.

„Citroen“ сакаше во едно возило да ја обедини технологијата на моделот „DS3 Racing“ и „Cabrio“ верзијата на обичниот „DS3“ која имаше премиера на авто-салонот во Париз 2012-та година.

Во однос на моделот со цврст покрив „Cabrio Racing“ е за 25 килограми потежок што значи дека разликата во перформансите помеѓу тие два автомобили ќе бидат занемарливи.

ds1

Концептот привлекува внимание со својата мат-графитна боја на каросеријата чија монотонија ја нарушија контрастните црвени детали и големите 19 инчни алуминиумски тркала.

Сличен стилски пристап е применет и во кабината на автомобилот, на кожните спортски седишта и на инструмент таблата.

Автомобилот го има истиот 1.6 литарски „THP“ турбо-бензински мотор, а на возачот на располагање му се 150 kW / 204 ks.

ds2

„Citroen“ најави дека по промоцијата во Велика Британија, „DS3 Cabrio Racing Concept“ ќе може да го видат и посетителите на Саемот во Франкфурт кога ќе се очекува и одговорот на прашањето, дали и кога францускиот производител ќе се одлучи за сериско производство на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП