27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНемирите во Турција ја намалија цената на нафтата

Немирите во Турција ја намалија цената на нафтата

naf1

Цената на суровата нафта утрово се намали, по изненадувачкиот раст на американските залихи на тој енергенс и растечката загриженост околу немирите во Турција, наведуваат аналитичарите.

Американската „лесна“ нафта за испорака во јуни поевтини на берзата во Њујорк за 37 центи на 95,51 долари за барел, додека еден барел од нафтата од типот „брент“ на берзата во Лондон поевтини за 21 цент, на 103,28 долари, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Многумина очекуваа сезонски пад на залихата, но тоа овој пат не беше случај“, изјави аналитичарот на сиднејската компанија „Fet profets“, Дејвид Ленокс.

Според соопштението на американската Агенција за енергетски информации (EIA), американските залихи на нафта минатата недела, заклучно со 7-ми јуни се зголемиле за 2,5 милиони барели, наместо очекуваниот пад од 400.000 барели.

„Пазарот, исто така, внимателно ја следи ситуацијата во Турција и можноста таквата ситуација да предизвика шокови во поглед на залихите на Блискиот Исток“, изјави Ленокс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП