26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ најголемите работат преку офшор компании

И најголемите работат преку офшор компании

kompanii1

Педесет најголеми европски компании имаат раширен бизнис во даночните раеви, а секоја од нив во просек има 117 офшор филијали.

Тоа го покажа извештајот на француската невладина организација „CCFD“ и организацијата за социјална анализа „CERAS“.

Извештајот е објавен откако владата на Франција вети дека ќе покрене акција против даночните раеви, како дел од скандалот со даночното затајување, пренесува агенцијата Франс Прес.

„CCFD“ ги провери сметките и извештаите за работењето на компаниите кои се најдоа на листата, а меѓу кои се и банките „HSBC“, „BNP Pariba“ и „Deutsche bank“, производителите на автомобили „Peugeot“ и „Volkswagen“, како и компаниите „Siemens“ и „Vodafone“.

Податоците покажаа дека сите 50  најголеми европски компании по остварените приходи работат во даночните раеви, а нивните филијали таму сочинуваат 29 проценти од вкупниот број на филијали во странство.

„Само на Кајманските Острови, компаниите имаат повеќе гранки отколку во Бразил и два пати повеќе отколку во Индија. Во Луксембург бројот на филијали е еднаков со тие во Кина“, се наведува во извештајот насловен како „Во рајот на изгубените даноци“.

„Иако ова не се докази за даночно затајување, големата концентрација на офшор филијали оди заедно со нетранспарентното сметководство, поради кое е тешко да се лоцира потеклото на 208 милијарди евра профит од тие компании во 2012 година“, наведуваат „CCFD“ и „CERAS“.

Организациите ја повикаа Групата на осум најразвиени земји во светот „G8“, која ќе се состане во Северна Ирска наредната недела, како и богатите земји во развој „G20“, да превземат мерки за борба против сегашниот тренд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП