26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо со лична карта ќе може да се влезе во БиХ

Само со лична карта ќе може да се влезе во БиХ

Набргу во Босна и Херцеговина македонските граѓани ќе може да патуваат само со лична карта, најавија премиерот Зоран Заев и претседавачот на Советот на министрите на БиХ, Денис Звиздиќ, на заедничката прес-конференција во Владата.

Ова значи дека и на граѓаните на БиХ за влез во Македонија нема да има биде потребен пасош, туку само лична карта. Ова е втор конкретен чекор за олеснето движење на граѓаните на двете земји, по веќе потпишаниот договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи.

Само со лична карта македонските граѓани може да патуваат и во Србија и во Албанија.

Исто така, Заев и Звиздиќ склучиле договор за соработка во областа на образованието според кој учениците и студентите ќе може да се запишуваат во двете држави под исти услови.

„Учениците во основното и средното образование и студентите во високото образование ќе се запишуваат под исти услови што важат за државјаните на двете земји. За плаќањето на школарините, во двете држави, ќе се применуваат еднакви критериуми што важат и за домашните студенти“, соопшти Заев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП