26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинималните плати во Европа го покажува јазот во приходите помеѓу Истокот и...

Минималните плати во Европа го покажува јазот во приходите помеѓу Истокот и Западот

Минималните плати во земјите од Европската унија (ЕУ) го покажуваат јазот во приходите и животниот стандард меѓу Истокот и Западот.

Фиксни минимални плати се достапни во 22 од 28-те земји-членки на ЕУ од 1-ви јануари 2018-та година. Во рамките на ЕУ само во Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска не е дефинитивна минималната плата, соопштува „Евростат“.

Минималниот месечен износ е обично помалку од 500 евра во Источна Европа и многу над 1.000 евра во Северна и Западна Европа.

Најниската бруто минимална плата во ЕУ во јануари 2018-та година е во Бугарија (261 евра). Девет земји членки, исто така од Источна Европа, имаат минимална плата меѓу 400 и 500 евра месечно: Литванија (400 евра), Романија (408 евра), Латвија (430 евра), Унгарија (445 евра), Хрватска (462 евра), Чешка (478 евра), Словачка (480 евра), Естонија (500 евра) и Полска (503 евра).

Во пет земји членки во Јужна Европа минималната плата се движи помеѓу 600 и 900 евра месечно: Португалија (677 евра), Грција (684 евра), Малта (748 евра), Словенија (843 евра) и Шпанија (859 евра).

Во преостанатите седум земји членки, сите во Западна и Северна Европа, минималната плата надминува 1.400 евра месечно: Велика Британија (1.401 евра), Германија и Франција (и во двете по 1.498 евра), Белгија (1.563 евра), Холандија (1.578 евра), Ирска (1.614 евра) и Луксембург (1.999 евра).

За споредба, националната минимална плата во САД е 1.048 евра на почетокот на 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП