2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес претежно облачно со локални врнежи од дожд, заладување од сабота

Денес претежно облачно со локални врнежи од дожд, заладување од сабота

Времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени, информиеа УХРМ.

Во Скопје времето ќе биде облачно со слаб дожд претпладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени

Утре ќе се задржи претежно облачно со умерен југоисточен ветер. Во крајните јужни и северни планински делови, особено попладне ќе има слаб снег. Потоа од сабота продолжува периодот на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои од недела поради спуштање на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Дневните температури значително ќе опаднат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП